– Голема чест ми е да ја претставам Македонија, градот и клубот на следните ОИ во Пекинг. Со заедничкиот труд и макотрпната работа под палката на проф, Влатко Димитров оваа година е моја најдобра сезона во дисциплината три скок, кога го соборив рекордот стар 36 години, поставувајќи нов 15.46. Со добар настап во Пекинг би ја оправдал вајлд – картата – вели Реџеп Селман
Скромен е буџетот на матичната федерација на Селман, која успева да обезбеди минимални средства за подготовка.
– Атлетската федерација во рамките на своите можности ке одобри средства кои сепак се минимални за подготовка на еден атлетичар за еден ваков настап како што се Олимписките игри во Пекинг, Кина – вели преседателот на федерацијата Цветко Грозданов.
Професорот Димитров има план за тоа како треба да изгледаат подготвките, но финасиите го имаат последниот збор.
– Се доцни со стартот подготовките надвор од нашата држава, средсвтата не се уште пристигнати. Првичниот план беше десетдневни подготвки во Албанија на песок и во Бугарија на патека. Но времето не гази немавме средства за реализијата на првиот дел, па затоа првиот дел го работиме овде во Охрид – вели Влатко Димитров тренерот на Селман
Покрај Селман ателетиката ќе има уште еден преставник на ОИ. Во дисциплината 100 м во женска конкуренција ќе трча Ивана Рожман.