Холивудската ѕвезда Селма Хајек е примена во болница поради мала повреда на главата која ја доби за време на снимањето на најновиот филм “Drunk Parents”. Сепак, она што го привлече вниманието кај јавноста не е повредата на убавата актерка, туку нејзината гардероба. Славната мексиканка на Инстаграм подели фотографија на кои стои меѓу два лекари. Лекарите се во класични бели мантили, додека актерката на себе има маица со слика од горен дел на женско тело чии гради се прекриени со нечии раце.
Селма призна дека нејзината гардероба за снимањето била целосно неприкладна за во болница. Им заблагодари на лекарите Фостер и Елсперман што се погрижија за неа, и се пошегува дека не стана полуда отколку што веќе е. Селма Хајек моментално го снима филмот “Drunk Parents” во кој уште играат и Џо Манџаниело, Бриџит Мојнахан и Алек Болдвин. Станува збор за комедија во која родителите се обидуваат да ги сокријат финансиските проблеми од ќерките и пријателите.