Селма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино, според таблоидите се селат во Лондон. Причина за тоа е новиот данок од 75 проценти, кој ќе го плаќаат богатите, иако актерката и францускиот милијардер тоа го негираат. Мексиканската убавица тврди дека оди во главниот град на англија како би ја забрзала својата кариера, а Пино се правда дека тоа е поради одличните училишта кои Лондон ги нуди за нивната ќерка.
Селма, додуша, окако се омажила баш и не глуми, а нема и зошто. Пино е третиот најбогат човек во Франција. Во 2005 година станал директор на група луксузни производи, а од 2003 управуав со холдинг компанијата „Артемис“ која ја основал неговиот татко, милијардерот Франсоа Пино. Американската актерка и нејзиниот сопруг се венчале во февруари 2009 година во Париз. Се запознале во Венеција во 2006 година и ја имаат ќерката Велнтина Палома, која е родена во март 2007 година во Лос Анџелес.