Актерката Селма Хајек ќе биде одликувана со Орден на Легијата на Честа, највисокото француско признание, кое ќе и биде доделено од францускиот претседател Никола Саркози. Актерката со мексиканско потекло орденот ќе го добие на свеченост која ќе биде одржана оваа година во Париз. Инаку, актерката е мажена за францускиот бизнисмен Франсоа Пино, близок соработник и советник на Саркози.
Оваа вест предизвикала негативни реакции во делот од јавноста кој сметал дека признанието требало да се доделат на позаслужни лица, како што се француските војници кои погинале во Авганистан. Покрај глумата, Селма Хајек се занимава и со хуманитарна работа во корист на мајките во земјите во развој, а учествувала и во повеќе кампањи против насилството врз жените. Пред неа вакво признание добиле актерите Роберт де Ниро, Клинт Иствуд и Роберт Редфорд. Орденот на Легијата на Честа го вовел Наполеон Бонапарта во 1802 година за цивилни и воени заслуги.