На доделувањето на театарските награди во Лондон, Селма Хајек се погрижи сите очи да бидат вперени во неа, односно во нејзиното деколте. Белиот фустан на Александер МекКвин како да беше премал за неа, а најмногу до израз доаѓаше во пределот на градите. Иако во белиот фустан и со подигнатата коса изгледаше гламурозно, претераното деколте го расипа целокупниот впечаток.
Ваков помалку невкусен стајлинг навикнати сме да гледаме на старлетите желни за медиумско внимание, но не и на сериозни ѕвезди како Селма. Но и убавата латино дива очигледно го менува стилот и во последно време се почесто ги истакнува бујните гради. Актерката која има 47 години неодамна изјави дека не вежба бидејќи едноставно нема време и дека за нејзината витка линија заслужен е напорниот дневен ритам.