Латино убавицата Селма Хајек открила дека како мала сонувала за кариера на астронаут. Да не станела актерка, таа, како што вели, денес би се наоѓала во вселената. Поттикната од фантазијата на својата ќерка Валентина, Селма Хајек се потсетила на сопствените соништа од детството.

Рекла дека лансирањето во вселената би ја усреќило и дека без никакви проблеми би го поднела патувањето. ако сепак не успеела да стане астронаут, Селма, како што вели, би се задоволила со работа како цвеќарка.