Канадската пејачка Селин Дион го одржа првиот концерт во Лас Вегас после паузата која траеше неколку седмици. Селин се врати со концертни активности после паузата која ја направи кога во период од неколку дена ги изгуби сопругот и братот, а повторно се појави на цената „Колосеум“ во хотелот „Caesar’s Palace“ во Лас Вегас, каде настапува веќе 13 години.
Како што можевме да видиме, дел од настапот беше посветен на неодамна починатиот сопруг, кој воедно беше и нејзин менаџер и беше заслужен за голем број од успесите во нејзината кариера. На концертот во одредени моменти пејачката не можеше да ги сокрие емоциите, што беше лесно забележливо. Настапот можеа да го следат и фановите ширум светот бидејќи истиот беше пренесуван преку интернет.