Канадската пејачка успеала да остане бремена по шест неуспешни обиди за вештачко оплодување. Близнаците ги родила во саботата во болницата во Палм Бич. Нејзиниот портпарол открил дека момчињата биле родени со една минута разлика. Лекарот рекол дека се породила со царски рез и дека породувањето минало без потешкотии.


Таа се породила пред време, па поради тоа момчињата неколку дена ќе бидат во инкубатор. Двајцата биле тешки помалку од 2,5 килограми и потполно биле здрави. Таа и сопругот сеуште немаат смислено имиња за близнаците.