Иако во изминативе три месеци два пати абортираше, Селин Дион не е обесхрабрена. Овој викенд повторно ќе оди на вештачко оплодување за нејзиниот осумгодишен син Рене Чарлс да не биде единец.


Нејзиниот сопруг Рене Анџелил рекол дека преживуваат исто што и повеќето парови кои сакаат да станат родители на овој начин. Тој дал примероци од својата сперма да се замрзнат пред да започне да се лечи со хемотерапија поради ракот. Пејачката и своето прво дете го добила со вештачко оплодување.