Портпаролот на пејачката Селин Дион изјавил дека нејзиниот поранешен менаџер Стартевант по отказот одбил накнада од 10 илјади долари која му била понудена. Судејќи според оваа изјава, тужбата против пејачката и нејзиниот сопруг била неоснована. Портпаролот додал и дека незадоволниот работник годишно добивал плата која ја покривала неговата прекувремена работа.

Платата изнесувала 50 илјади долари, а во еден период била зголемена за 13 илјади долари. Претставникот на пејачката истакнал дека тужбата се само начин работникот да привлече внимание. Според зборовите на работникот, тој никогаш не бил исплатен за својата работа, односно за 40 часа неделно во текот на изминативе три години. Спорот наскоро ќе добие судски епилог.