Селин Дион пред неколку дена родила близнаци. При изборот на имињата и помогнал синот Рене Чарлс кој има девет години. Едниот син добил име Нелсон по Нелсон Мандела, а другиот Еди. Селин е во брак со Рене Анџели.
Изјавила дека имињата ги избрале според луѓето кои ги инспирирале. Нелсон Мандела го запознале пред две години во Јужна Африка. Другиот син добил име по Еди Марнеј, продуцентот на првите пет плочи на пејачката.