Откако по шести пат се подложила на вештачко оплодување, Селин Дион конечно останала бремена, пишува списанието „Пипл“. Пејачката и нејзиниот сопруг Рене Анџели го имаат деветгодишниот син Рене-Чарлс.


Портпаролката на Селин Дион, Ким Џакверт, потврдела дека пејачката е бремена веќе 14 седмици и дека носи близнаци. Полот на близнаците ќе се дознае следниот месец. Селин била бремена и минатата година, но бременоста завршила со спонтан абортус.