Канадската пејачка Селин Дион, која има 43 години, и која настапува како главна ѕвезда во палатата „Цезар“ во Лас Вегас, ги откажала сите концерти во следните три месеци поради вирус.


Лекарите во Лос Анџелес ја советувале поради воспалението на гласните жици да го одмара својот глас помеѓу шест и осум седмици, па таа на својот официјален сајт навела дека ги откажува сите настапи до 9 јуни. Посетителите кои купиле карти за нејзините концерти во Лас Вегас и кои платиле по 150 фунти ќе ги добијат своите пари назад.