Атлетска федерација на Македонија  од 10 до 15 јули со двајца натпреварувачи ќе учествува на Светско првенство за Младинци кое ќе се одржи во Барселона,Шпанија

 

Валбона СЕЛИМИ родена 1994 год, ( дисциплина 100 метри ) член на АК Лириа од Скопје, со личен резултат од 12.66 сек, постигнат оваа година на 2 јули на Финалето на Купот на Македонија за Сениори одржан во Охрид.

Валбона Селими ќе настапи на 10 јули ( вторник) на квалификациите по групи на 100метри со старт во 19.05 часот.

Ристе ПАНДЕВ роден 1994 год, ( дисциплина 200 метри ) член на АК Струмица од Струмица , со личен резултат од 22.16 сек, постигнат оваа година на 24 јуни на Балканското првенство за Младинци одржано во Ескишехир.

Ристе Пандев ќе настапи на 12 јули ( четврток ) на квалификациите по групи на 200метри со старт во 09.55 часот.

Се очекува да постигнаат најдобри лични резултати, а  можеби  соборување на рекордите на Македонија. Инаку Ристе Пандев со резултатот на БП во Ескишехир е рекордер на македонија на 200м за Младинци.

Тие отпатува вчера на СП за Младинци во Барселона заедно со тренерот Алија Рахман.

Ohridnews