Селена Гомез се упатила во Норвешка. Таму моментално престојува нејзиното поранешно момче Џастин Бибер, а американските таблоиди нагаѓаат дека станува збор за помирување на тинејџ ѕвездите. Се чини дека помеѓу поранешниот пар сеуште постојат некои искри иако ја прекинале врската на почетокот на годинава. Селена во четвртокот отпатувала во Норвешка што ги поттикнало медиумите да пишуваат дека се обидуваат да ја обноват романсата.

Тамошните медиуми истакнуваат дека патувањето на Селена не е случајност, и дека го мачи џастин со нејасни сигнали кои постојано му ги испраќа, иако пејачот моментално има поголеми проблеми од љубовните. Прекинувањето на врската ниту малку не му годело, бидејќи откако е сам често ги полни насловните страни со своите испади.