Прекрасната пејачка и актерка Селена Гомез се вовлекла под кожата на милиони тинејцери и многумина сеуште ја доживуваат како принцезата од Дизни. Но, таа тоа веќе одамна не е, а сега тоа и го потврдила. Актерката која има 22 години се соблече за списанието „V“, а многумина ги коментирале нејзините секси гради.

 

Неодамна мина низ бурен период во својот живот за што главна причина беше нејзиното поранешно момче Џастин Бибер. Но, се чини дека Селена одлучила минатото да го остави зад себе и да ужива во љубовта со новото момче Антон Заславски. Рекла дека пред само неколку месеци малку била во депресија и не сакала да ја напушти куќата воопшто. Но, сега конечно се чувствувала подобро и била среќна.