Младата актерка Селена Гомез, позната како девојка на тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер, овие денови се наоѓа на Флорида, каде почнала да го снима својот нов филм “Spring Breakers”. Слободното време го користела за опуштање на плажа, што потврдиле и нејзините фотографии на Твитер.
Во новиот филмски хит, покрај неа во главните улоги се наоѓаат уште и Ванеса Хаџинс, Ешли Бенсон и Рејчел Корин. Приказната зборува за четири студентки кои извршуваат грабеж како би можеле да си приопштат незаборавен провод за време на празниците. Пауизте помеѓу снимањата Селена максимално ги користела за одмор и уживање на сонцето.