Селена Гомез минатиот месец тајно се пријавила во клиника за рехабилитација, а извори блиски до младата актерка велат дека за тоа го обвинува Џастин Бибер. Во клиниката во Аризона минала две седмици поради низа проблеми кои вклучуваат алкохол, марихуана и лекови на рецепт. Исто така зависна била и од Џастин Бибер.

Селена за своите проблеми го обвинува фактот што премногу време минувала со проблематичниот пејач и неговото друштво. Откако екипата која се грижи за нејзината кариера видела дека повторно се дружи со Бибер, потполно полудела и ја испратила на рехабилитација.