Пејачката и актерка Селена Гомез најавила дека оваа година ќе направи пауза кога е во прашање музиката, и дека ќе се посвети на неколку филмски проекти. Изјавила дека таа и нејзиниот бенд ќе одат на краток одмор. Работела на два филма поради што била многу возбудена. Додала дека обете улоги се поразлични од она што го работела досега и дека биле голем предизвик за неа.

Таа моментално работела на филмот “Springbreakers”, проект на режисерот Хармони Корин, познат по сценариото за контраверзното остварување „Деликвенти“. Вториот филм на кој работела е „Голема гужва“, нешто повесела приказна за четири девојки кои очајнички се обидуваат да ги променат своите животи.