Младата актерка и пејачка Селена Гомез ужива во Италија. Добила награда на Глобалниот филмски и музички фестивал во италијанскиот град Исчиа. Ѕвездата која има 21 година ја примила наградата „Kids’ Global Award“, а потоа одлучила да им се оддолжи на фановите покажувајќи им дека повеќе не е само слатко девојче. Убавата Селена од Хотелот Дела Реџина во кој била сместена излегла како вистинкса римска божица. Облечена во бело кратко фустанче и вртоглаво високи потпетици пленела внимание додека се качувала на јахтата со која ќе ја напушти Италија.

Младата ѕвезда изгледала сензационално, и медиумите пишувале дека младата дива во оваа комбинација на сите им покажала дека повеќе не е мало девојче, туку вистински секс симбол. Селена неодамна мина низ бурен период во животот, за кој главна причина беше нејзиното поранешно момче Џастин Бибер. Но, се чини дека Селена одлучила да го остави минатото зад себе и ужива во вниманието кое и го даваат нејзините фанови.