Селена Гомез знае дека нема подобра комбинација од црвен фустан и црвен кармин доколку сакаш сите очи да бидат вперени само во тебе. На премиерата на филмот „Rudderless“ се појавила во комбинација за која се верува дека има само една цел, да го привлече вниманието и да му докаже на поранешното момче Џастин Бибер што пропушта.
Се верува дека славниот пар ги прекинал сите контакти откако Селена одбила да го следи на социјалната мрежа Инстаграм. После тоа објавила пораки на Твитер кои наводно се однесувале на Џастин. Убавицата која има 22 години во споменатиот филм ја глуми Кејт, поранешна девојка на студентот Џош Манинг кој погинал во масовно пукање. Во филмот играат уште и Џејми Чанг, Лоренс Фишбурн и Вилиам Х. Мејси.