Сите заинтересирани обожаватели сега можат да живеат во куќата на младата пејачка, се разбира, ако можат да си ја дозволат. Селена Гомез ја продава својата вила во Калабасас за вртоглави 4,5 милиони долари. 23-годишната пејачка ја купи минатата година за речиси 3,7 милиони долари, а раскошната вила има 6 спални соби, 7 тоалети, базен, спа, игралиште, теретана и куќа за гости. Иако со право се прашуваме кој би се откажал од таков раскош, сепак, Селена има лоши спомени од куќата.
Како прво, само 8 километри од неа, своја куќа купи и нејзиното поранешно момче Џастин Бибер, а уште полошо, во неа е уапсен и човекот кој ја прогонуваше. Поради вознемирување, лицето доби 45 дена затвор и забрана за приближување. Претходната куќа Селена и ја продаде на колешката Иги Азалеа и нејзиниот вереник Ник Јанг за 3,4 милиони долари. Којзнае, можеби во својот нов дом Селена ќе се всели со ново момче, а се шушка дека тоа Самуел Крост, со кој е видена како се држи за рака на доделувањето на наградите за жена на годината на Гламур. Подоцна истата ноќ друштвото е видено во еден реасторан во Њујорк, каде Селена му седна и во скутот.