Популарната пејачка Селена Гомез ја прекина краткотрајната романска со продуцентот и диџеј Зед. Откако заклучиле дека најдобро е да бидат само пријатели, 22-годишната пејачка се упатила во Мексико. Селена одлучила дека нема да лее солзи, туку дека ќе се опушти на најдобар можен начин.

Моментално одмара со пријателот и продицент Хит-Бој, кој соработувал со голем број музичари како што се Кање Вест, Крис Браун, па дури и поранешното момче на Селена, Џастин Бибер. Но извори блиски до пејачката тврдат дека нејзиниот пат во Мексико не е само од приватна природа, туку и дека со полна пареа работи на својот албум кој допрва на претстои.