Популарната пејачка Селена Гомез била бремена со нејзиното поранешно момче Џастин Бибер, пишува списанието “In Touch”. Имено, пејачката имала спонтан абортус во 2012 година и кога дознала дека е бремена таа планирала да роди дете, исто како што мајката на Џастин го родила на 16 години.
Извор за списанието рекол дека бременоста не била планирана, но тоа не ја интересирало. Таа била одлучна да го задржи детето. Била убедена дека тоа е знак дека со Џастин треба да остане до крајот на животот. Меѓутоа, Џастин тоа не сакал да го прифати. Селена два месеци подоцна имала спонтан абортус. Нaводно токму поради тоа одлучила да го смири својот живот, а целата приказна ја демантирал портпаролот кој тврдел дека сето тоа е измислено.