Пејачката Селена Гомез (21) и актерот Орландо Блум (37) наводно се во врска. Како што пишува „Њујорк пост“, парот во саботата пристигнал во ист автомобил на снимањето на емисијата „Вечер со Челси“ во Лос Анџелес, а по завршувањето заедно отишле со автомобил.
Кога папараците ги забележале и почнале да ги фотографираат, Орландо молскавично станал и се оддалечил од поранешната девојка на Џастин Бибер. Инаку, актерот минатата година се раздели од сопругата Миранда Кер со која го има тригодишниот син Флин Кристофер.