Селена Гомез и Џастин Бибер повторно ја прекинале својата врска. Пејачката по една кавга го напуштила Мексико каде парот планирал да ја дочека Новата година. Таа на првиот ден од 2013 година на својот твитер налог напишала дека е време за нов и свеж почеток. Пејачката на 30 декември поради некои повторни недоразбирања со своето поранешно момче одненадеж ги променила плановите и одлучила во новата година да влезе како слободна девојка.
Извор открил дека постојано се караат и смируваат, па е тешко ова да се нарече конечно прекинување на нивната врска. Истиот извор открил дека Селена постојано излегувала без Џастин, на кој тоа многу му сметало. Парот ја прекинал врската и во ноември минатата година, но набрзо после тоа повторно се смириле.