По примерот на своите постари колешки, и тинејџерската ѕвезда Селена Гомез сега има својата линија парфеми која го носи нејзиното име. Селена во соработка со познатиот американски трговски ланец “Macy’s” направила многу посетена промоција во една од нивните стоковни куќи во Њујорк.

При промоцијата добила само пофални зборови за стајлингот. Актерката и пејачка исто така учествувала на посебна забава во стоковната куќа “Macy’s” на која лично се запознала и се поздравила со дури 350 обожаватели.