Парот ја прекинал шестмесечната врска откако Селена Гомез му рекла на Џастин дека не и се допаѓаат неговите нови пријатели, раперите Лил’Вејн, Шин Кингстон и Крис Браун. Џастин во последно време се забавувал во друштво на поранешниот затвореник Лил’Вејн, Крис Браун, кој ја претепал поранешната девојка Ријана и Кингстон, кој на 11 години бил во затвор за малолетници поради грабеж.


На Селена тоа не и се допаѓало и била загрижена поради нивното влијание врз Џастин. Полудела кога со Кингстон се појавил на нејзиниот концерт на Флорида. Започнале кавга откако му рекла да престане да се дружи со нив. Се сложиле дека ќе биде најдобро да не се гледаат додека Селена е на турнеја, а потоа и раскинале. Една пријателка на Селена открила дека Џастин плачел за време на кавгата и дека бил скршен поради нејзината одлука. Сигурно во негова корист не одел ниту фактот што Селена неодамна го фатила како се допишува со неговиот пратечки вокал, пејачката Јасмина Вилегас.