Поп ѕвездата Селена Гомез му покажала на своето момче Џастин Бибер колку го сака, така што неговото име го истетовирала на зглобот од десната рака. Таа минатиот викенд за време на настапот во Лас Вегас ги изненадила присутните кога ја покажала новата тетоважа, односни името на Џастин Бибер.


Под неговото име истетовирала и минијатурно срце, а на прв поглед тетоважата изгледала како да не е трајна. Фановите на Џастин Бибер без сомнение ќе бидат разочарани поради фактот што неговата врска со Селена цвета.