Селена Гомез и Џастин Бибер повторно се во љубов, а за и понатаму да му биде убава и привлечна, младата пејачка и актерка, одлучила да ги зголеми своите гради. Иако во последниве неколку години често раскинувале, Селена сега е цврсто решена да го задржи Џастин покрај себе, и одлучила малку да поработи на својот физички изглед, за постојано да му биде привлечна. Пејачката се бавела со анализа на поранешните девојки на Бибер и сватила дека сите имале бујни гради.

Извор близок до младата пејачка вели дека Селена ја проучувала секоја девојка со која Џастин бил додека биле разделени и се споредувала со нив и до најситен детал. Иако се смириле, таа се плаши дека повторно ќе го изгуби. Изворот додал дека којзнае поради што, Селена има ниско ниво на самодоверба и подолга листа на нешта кои сака да ги промени во својот изглед. Кога му соопштила на својот сакан за плановите, тој ја посоветувал тоа да не го прави, бидејќи сметала дека таа треба да го задржи својот убав и природен изглед.