На младата пејачка Селена Гомез и била одбиена работната виза за Русија каде што имала закажано неколку концерти. Забраната ја добила затоа што во нејзините песни ги поддржува правата на хомосексуалците со што го крши законот за забрана за пропаганди во корист на геј популацијата.

Селена имала закажано концерти во Минск, Москва и Санкт Петербург, а откажани се нејзините настапи и во Украина.

Пред неа, со слични забрани се соочила и Лејди Гага на која руските власти ја обвиниле за “геј пропаганда” на концертот кој го одржала во Санкт Петербург.