Наследникот на Мирсад Јонуз на селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде познат по ждрепката за составот на квалификациските групи за СП-2014, закажана за в сабота, во Бразил, домаќинот на јубилејниот 20. планетарен собир.
По отказот на Јонуз , УО на ФФМ не успеа да најде заеднички јазик со ниту еден од низата кандидати со кои преговараше, по што се одлучи на пролонгирање на изборот.
Во зависно од противниците во групата, нејзината атрактивност и можноста да се стигне до екстра профит од телевизиските права за натпреварите, ќе биде избран новиот десетти селектор на македонската фудбалска репрезентација.
Поради констатниот пад на ФИФА рејтинг листата под водство на Мирсад Јонуз, “црвено-жолтите“ ќе се најдат во петтиот шешир при ждребката.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com