Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Тодоров го објави конечниот список со 15 кошаркари за првите два натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2021 година. „Црвено жолтите“, прво ќе се сретнат со Естонија на домашен терен, а потоа гостуваат кај Русија.
Тодоров го направи долгонајавуваниот рез во репрезентација и на списокот стави млади кошаркари. Поголем дел од нив играат во нашата Прва лига, додека неколку играат во странство.
Списокот:
Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција)
Шејн Витингтон (Реал Бетис-Шпанија)
Стојан Ѓуроски (Евре-Франција)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)
Андреј Јакимовски (РМ Баскет Торино–Италија)
Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет–Италија)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Љубомир Младеновски (Работнички-Скопје)
Виктор Ефремоски (Работнички-Скопје)
Филип Бакоч (Еуро Никел 2005–Кавадарци)
Марко Симоновски
OhridNews