Во составот на Стрезовски доминираат ракометарките од Металург и Вардар ПРО, а новост е Елена Георгиевска која се опорави од тешката повреда.
Како што претходно најавија голманот Тања Андреева и Јулија Николиќ (Портјанко) се повлекоа од селекцијата.
Составот : Наумоска (Жито Прилеп), Антиќ (Металург), Крстевска (Вардар СЦБТ), Митрова (Металург), Маневска (Вардар СЦБТ), Гроздановска (Металург), Николовска (Металург), Мечевска (Металург), Младеновска (Металург), Бајрамовска (Металург), Георгиевска (Будуќност, Црна Гора), Д. Георгиевска (Металург), Штериова (Вардар СЦБТ), Десподовска (Металург), Црвенковска (Вардар СЦБТ), Саздовски (Вардар СЦБТ), Мркиќ (Жито Прилеп), Кераметчиева (Металург).
Натпреварите со Србија ќе се играат на 21 и 23 март во Крегујевац.