Тренерот на МЗТ Скопје и селектор на македонската кошаркарска репрезентација Алеш Пипан на гостувањето во Хрватска имаше две причини за задоволоство. Првата е дека “штрковите“ со кошот на четири секунди до крајот на Огнен Стојановски победија против Цедевита, а втората и далеку позначајна се позитивните вибрации на Владо Илиевски за враќање во селекцијата на Македонија.

Пред неполн месец кошаркарот на Олимпијакос, Перо Антиќ и натурализираниот Македонец, Лестер Бо Мекклејб најавија дека со нетрпение ги очекуваат натпреварите во дресот на Македонија. Што значи дека полека Словенецот на македонската клупа, Пипан ги мести “литванските“ коцки кои ја одведоа Македонија до историското четврто место на Евробаскетот во Литванија.

Единствен кошаркар кој се сеуште се држи цврста одлука за повлекување од селекцијата е Тодор Гечевски, кој настапува во редовите на македонскиот првак МЗТ Скопје.

Македонија на Евробаскетот во Словенија во групата се наоѓа со Црна Гора, Србија, БиХ, Литванија и Летонија. Почетокот на ЕП е закано за средината од месец септември.

Мх.П.