Вкупно се седум кошаркари, а меѓу нив немаше место за Предраг Самарџиски. Листата ја предводи Перо Антиќ, потоа искускниот Тодор Гечевски иако тој сеуште се нема изјаснато дека ќе се врати во селекцијата, натурализираниот Лестер Бо Мекклејб, Ѓорги Чековски, Владо Илиевски и браќата Дамјан и Војдан Стојановски.
Покрај Самарџиски за слободните пет места во селекцијата ќе се борат кошаркарите Александар Костоски, Огнен Стојановски, Димитар Караџовски, Дарко Соколов, Марко Симоновски, Горјан Марковски, Стојан Ѓуроски, Кире Николовски, Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Александар Штерјов, Владимир Брчков, Марјан Јанески, Јован Марковски и Марјан Младеновиќ.
Македонија предводена од овие кошаркари ќе одигра турнир во Кина и медитеранските игри во Мерсин, Турција. Потоа селекторот Пипан со помошникот Марјан Србиновски ќе го скројат списокот кошаркари кои во Словенија ќе го бранат историското четврто место освоено пред две години во Литванија.