Македонските надежи настапуваа на турнирот “Независност“ по повод независноста на Косово. Избранаците на Петрушески го освоија второто место откако триумфираа над Бугарија а претпрпеа пораз од Косово.
– Во селекцијата има многу млади ракометари, за нив е ова е трауматично, шокатно. Уште на загревањето една група навивачи почна да не вреѓа на национална основа. Атмосферата ескалираше по започнувањето на мечот, се пееја разно разни песни против Македонија. Еден од навивачите посегна по знамето, кое седеше на јарболот но беше спречен да го земе. Тогаш навивачката група “плисат“ истаде македонско знаме и го “пламнаа“. Размисливме да го напуштиме теренот но несакавме да ја влошуваме ситуацијата – за Мкд.мк изјави селекторот Петрушевски.
Во трите дена кои надежите ги поминаа во Косово, немале посериозно инциденти освен оној “фаталниот“ на мечот со домаќинот.
– Условите и приемот беа на ниво, но ете една хулиганска група остави голема “флека“ на овој спортски настан. По завршување на мечот бројот на полицијата се зголеми и со помош нивна ја напуштивме салата и заминавме за Македонија – заврши Стојан Петрушевски.
Ова не е прв пат на Косово,македонското знаме да гори, пред два месеци истата навивачка група “плисат“ го запали на фудбалскиот натпревар во Качаник.