– Македонија има своја вредност. Ние ќе дадеме се од себе, Шпанија е во играчка предност, тие се фаворити. Натпреварот не е пресуден во овие квалификации, но со играта и резултатот ќе се обидеме да направиме добра потпора за следните мечеви кои ни следуваат – реваншот со Шпанија и двете средби кои ќе ги играме во јуни со Швајцарија и Португалија. Ние имаме цел а тоа пласман на ЕП во Данска и јас верувам дека ќе ја оствариме таа цел – истакна селекторот Обвран, а пренесува “Макфакс“.
Во принцип или чиста случајност освојувачот на златнатиот медал на СП првиот официјален натпревар не го игра најдобро што знае. Но, тоа е чиста случајност, а селекторот Обвран верува во чудо.
– Изненадувањата се можни во спортот, доколку ја победиме Шпанија, тоа нема да биде некои супер изненадување, но изненадување секако ќе биде. Јас верувам дека ние можеме да го сториме тоа. Треба да се повторат некои од најдобрите изданија на Европското првенство во Србија. За да го постигнеме тоа ќе ни биде потребна дисциплина во играта, квалитетна одбрана и што помалку технички грешки – рече Обвран.
Осми играч на македонската репрезентација секако ќе бидат навивачите во “Борис Трајковски“, кои секогаш го даваат потребниот ветар во грбот на селекција во клучните моменти.
– Атмосферата е на високо ниво, што е најважно, бидејќи таа беше малку нарушена по последното Светско првенство. Шпанците се можеби поквалитетни од нас (технички и физички), но сепак тоа не треба да дозволиме да не победата во борбеноста, тука е нашата најголема предност. Сигурен сум и дека навивачите ќе направат една позитивна атмосфера – потенцираше Миркуловски.
Натпреварот Македонија – Шпанија во третата рунда од квалификациите за ЕП во Данска се игра в среда со почеток од 17:45 минути.