– Иако натпреварот немаше резултатско значање, двете екипи одиграа добро и храбро. Металург победи поради малкуте технички грешки во нападот и добрата игра во одбрана – истакна селекторот Ивица Обрван.
Хрватскиот стратег на “црвено жолтата“ клупа на дербито во СЕХА лигата го издвои настапот на голманот Петар Ангелов, кој беше најзаслужен за победата на Металург.
Обвран потенцираше дека за сите ракометари кои поседуваат репрезентативен калибар ќе бидат повикани за настап во селекцијата.