Македонската ракометна репрезентација без “министерот за одбрана“ Борко Ристовски ќе патува на мегдан против Светскиот првак во четвртата рунда од квалификациите за Европското првенство во Данска.

Селекторот на “фалангата“, Ивица Обвран после мечот со Светскиот првак на домашен терен на пресконфeренцијата изјави дека не е задоволен од пристапот на одредени ракометари. Прв на удар се најде голманот Ристовски, а за негова замена е повикан Никола Митревски од Металург.

За македонскиот интернационалец во Бундес Лигата ова а не е прв пат да влезе во клинч со селекторот или да биде на негов удар. Тој на бараж мечот со Австрија за мундијалот во Шпанија самоволно ја напушти играта, и не се враќаше на паркетот иако тогашниот селектор Ѕвонко Шундовски го бараше тоа.

Македонската селекција во Шпанија покрај Ристовски во составот ќе ги нема повредените Филип Миркуловски, Недановски и Велко Марковски, а за капитенот Кирил Лазаров ќе се одлучи пред мечот дали ќе настапи против “златните момчиња“.

Мх.П.