Селекторот на машката ракометна репрезентација Ивица Обрван за подготовките во Охрид, кои селекцијата ќе одржи од први до петти април го повика најсилниот состав.
Во Охрид ракометната репрезентација ќе ја започне мисијата за Светското првенство во Катар, а прва на менито ќе биде Грција која и е противник на Македонија во баражот, кој ќе се одигра во јуни.
На листата се наоѓаат четири интернационалци и тоа Кирил Лазаров, Дарко Димитриевски од АСОБАЛ лигата, Борко Ристовски и Влатко Митков. Останатите репрезентативци доаѓаат од македонските преставници во Лигата на Шампиони, Вардар односно Металург
Списокот на селекторот Обрван : Кирил Лазаров (Барселона), Дарко Димитриевски (Пуеро Сагунто), Борко Ристовски (Ал Ахли), Влатко Митков (Кремс), Никола Митревски (Металург), Дејан Манасков (Металург), Гоце Ојлески (Металург), Гоце Георгиевски (Металург), Златко Мојсоски (Металург), Никола Маркоски (Металург), Ванчо Димовски (Металург), Дејан Пецаковски (Металург), Аце Јоновски (Металург), Велко Маркоски (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Петар Ангелов (Вардар), Филип Лазаров (Вардар), Немања Прибак (Вардар), Стојанче Стоилов (Вардар).
Мх.П.