Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван го повика новопечениот репрезентативец Ренато Вугринец за подготовките кои селекцијата ќе ги одработи во Охрид од први до шест април.

Хрватскиот стратег сакаше да почека со повикувањето на Вугринец на подготовките во Охрид, но тој пресече и го приклучи во составот најдобриог голгетер сезонава во Лигата на Шампиони.

Со приклучувањето на Вугринец во репрезентацијата селекторот ја пополни дупката на десната бековска позиција која настана по недоаѓањето на капитенот Кирил Лазаров на подготовките во Охрид.

Мх.П.