Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони со потешки повреди на телото и гребаници на главата бил примен и задржан во болница во Мајорка после сообраќајната несреќа.
Како што информираат шпанските медиуми, Скалони бил критичен, но брзо здраствената состојба му се стабилизирала и докторите изјавиле дека животот не му е загрозен.
Автомобил со неприлагодена брзина удрил во Скалони кој управувал со велосипед. Селекторот на „гаучосите“ не е достапен за медиумите, а сите будно ги очекуваат најновите вести.
Скалони палката во Аргентина ја презеде во ноември минатата година. Како фудбалер Скалони го носеше дресот на Мајорка, Депортиво ла Коруња, Расинг и Лацио.
OhridNews