На списокот фудбалери ги нема Горан Попов и Стевица Ристиќ кои се соочија со казна пред мечот со Србија. Во составот поради клупски обврски ќе недостасуваат капитенот Горан Пандев, Николче Новески и Стефан Ристовски.
Нови фудбалери во македонската селекција се Дејан Блажевски од Хоризонт Турново, Мите Цикарски од Вардар и Адис Јаховиќ од швајцарскиот Цирих.
Комплетниот список на Јаневски за мечот против Словенија :
Голмани : Мартин Богатинов, Томе Пачовски.
Одбрана : Бобан Грнчаров, Александар Тодоровски, Даниел Георгиевски, Мите Цикарски, Ванче Шиков, Бојан Марковски, Александар Лазевски.
Среден ред : Дејан Блажевски, Мухамед Демири, Остоја Стјепановиќ, Ферхан Хасани, Дарко Тасевски.
Напад : Александар Трајковски, Иван Тричковски, Агим Ибраими, Драган Ѓеоргиев, Мирко Ивановски, Адис Јаховиќ.