Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Илија Темелковски го објави поширокиот список на репрезентативци за претстојното Светско првенство во Хрватска во почетокот на 2009 година.

За голманските позиции конкурираат: Ристоски, Ангелов и Митревски.

За крилните места се повикани: Алушевски, Макалоски, Недановски, Темелков, З.Мојсовски и Јовиќ.

Изборот за пикери се сведе на: Димовски, Ѓоргоновски и С.Стоилов.

Кај бековите да останат во игра за светскиот собир конкурираат: Стојановиќ, Ф.Лазаров, Марковски, Миркуловски, Н.Мојсовски, М Стилов, К.Лазаров и Митков.

Собирот на репрезентативците е закажан за 20.12.2008 во 12 часот во хотел Континетал  Скопје.

Македонија на СП во Хрватска кое започнува на 17 јануари ќе игра во групата Ц заедно со Германија, Полска, Русија, Тунис и Алжир.

М.П.