Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски ги соопшти 26-те фудбалери кои ќе го носат националниот дрес на претстојното Европското првенство.

На списокот нема некои поголеми изненадување. Местото во нападот на повредениот Илија Несторовски ќе го заземе Милан Ристовски, а повик доби Дарко Чурлинов кој настапува за германски Штутгарт.

Македонија во фазата во групи на ЕП силите ќе ги одмери со Австрија, Украина и Холандија.

  • Составот

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Ристе Јанков

Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Езџан Алиоски

Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Тихомир Костадинов, Ферхан Хасани, Елиф Елмас, Даниел Аврамоски, Дарко Чурлинов, Марјан Радески

Напад: Горан Пандев, Александар Трајковски, Иван Тричковски, Крсте Велковски, Влатко Стојановски, Милан Ристовски.

OhridNews