Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе стартува во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025 со нов селектор, откако досегашниот предводник на „црвено – жолтите“ Драган Бајиќ и Кошаркарската федерација заемно се спогодија да ја прекинат соработката.
Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) соопшти дека Бајиќ го напушта селекторското столче поради здравствени проблеми.
Од оправдани причини, односно здравствени проблеми со кои се соочува во изминатиот временски период, Драган Бајиќ повеќе не е во можност максимално посветено да одговори на обврските кои со себе ги носи работењето во сениорскиот национален тим, соопшти КФСМ.
Земајќи ја предвид потребата машката „А“ селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клупски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката, се додава во соопштението.
Македонската репрезентација идниот месец ги стартува европските претквалификации против Данска, Норвешка и Словачка во рамки на групата Д.
OhridNews