Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите од Лига на Нации против Лихтенштајн (13. октомври, Национална арена „Филип Втори“) и Ерменија (16. октомври, „Вазген Саргсјан“).

Собирот на македонската репрезентација во пресред на октомвриските дуели против Лихтенштајн и Ерменија е закажан на 8 октомври.

  • На списокот нема многу промени, веќе се проверени имиња, фудбалери кои беа и на предходните дуели. На позицијата трет голман се враќа Шишковски, а повратници во тимот се Адеми и Хасани, со кои се зголемува конкуренцијата во средниот ред. Ние сме фокусирани на првиот дуел. Сакаме да ги освоиме трите бода и да продолжиме таму кадешто застанавме. Очекувам победа против Лихтенштајн, уште подоброи ако запишеме нови три бода со допадлива игра. – изјави Ангеловски.

Македонската фудбалска репрезентација има две победи во исто толку одиграни натпревари во Лига на Нации. На домашен терен „црвено жолтите“ славеа против Ерменија (2-0), а на гостински терен ја совладаа селекцијата на Гибралтар со 3-0.

OhridNews