Селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски го соопшти списокот репрезентативци со кои ќе му се спротистави на Израел и Италија во кваливикациите за Мундијалот во Русија за две години.
Ангеловски, списокот го скрои без поголеми изненадувања и се потрпе на оние репрезентавци кои и до сега го носеа дресот на А селекцијата.
– Повиканите фудбалери се речиси истите од воведниот квалификациски натпревар против Албанија. На голманската позиција повикан е Мартин Богатинов, голман со големо интернационално искуство и сигурно дека ќе придонесе за тимот. Ги повикавме Душко Трајчевски и Адис Јаховиќ за да имаме фудбалери од сите профили и да ја зголемиме конкуренцијата. – изјави селекторот.
Македонија на двата мечеви на Филип Втори ќе ги брка првите бодови, откако во премиерниот дуел претрпе пораз од Албанија 2-1.
– Со секој освоен бод сум задоволен. Дај боже да освоиме три бода на двата меча. Италија е апсолутен фаворит, Израел е квалитетен тим и опасен. Добри страни им се брзината, противнападот и затоа мора да бидеме максимално внимателни, да не дозволиме да развијат своја игра. Имаат играчи кои се во клубови кои играат во групната фаза од Лига на Европа, сето тоа е показател за нивниот квалитет. – потенцираше Ангеловски.
Натпреварот со Израел се игра на 6 октомври додека мечот со Италија три дена подоцна, и двата дуели ќе започнат во 20 и 45 часот.
OhridNews