Македонија во квалификациите за мундијалот во Бразил во период од четири дена два пати ќе ги одмери силите со Белгија. Првиот натпревар ќе се одигра на 22 март во Скопје додека “реваншот“ се игра на 26 март во Брисел.
Селекцијата на Белгија во квалификациската група ја дели првата позиција со репрезентацијата на Хрватска. Македонија по четири одиграни натпревари има една победа, едно реми и два порази.
Списокот на Јаневски за двомечот со Белгија :
Голмани: Мартин Богатинов (Карпати, Украина), Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија)
Одбрана: Александар Тодоровски , (Полонија, Полска), Бобан Грнчаров (Ботев П., Бугарија), Стефан Ристовски (Бари, Италија), Николче Новески (Мајнц, Германија), Ванче Шиков (Волин, Украина), Александар Лазевски (Партизан, Србија), Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија), Даниел Мојсов (Таврија, Украина)
Среден ред: Мухамед Демири (Тун, Швајцарија), Остоја Стјепановиќ (Вардар), Дарко Тасевски (Хапоел Кират Шмона, Израел), Ферхан Хасани (Волфсбург, Германија), Дејан Блажевски (Хоризонт Турново), Никола Глигоров (Алки, Кипар)
Напад: Иван Тричковски (Бриж, Белгија), Горан Пандев (Наполи, Италија), Мирко Ивановски (Астра, Романија), Агим Ибраими (Марибор, Словенија), лександар Трајковски (Зулте В., Белгија), Адис Јаховиќ (Цирих, Швајцарија)